800.00ден
300.00ден
1,300.00ден

Аксесоари

Ризли

100.00ден
300.00ден
300.00ден
300.00ден
300.00ден

Д Фестивал

Основан во 2011 година и израснат од идејата за уникатен open-air настан, кој ќе и понуди на публиката алтернатива за задоволување на потребата за летен фестивал на автентичното и прекрасно Дојранско крајбрежје – Д Фестивал веќе ја потврди и оправда иницијативата на најдобар начин. Ова е млад фестивал кој, благодарение на илјадниците фанови и најдобрите артисти од локалната, регионалната и светската музичка сцена, секоја година се одржува во одлична атмосфера константно доведувана до еуфорија и претставува единствено искуство исполнето со позитивна енергија.

Д Фестивал продолжува како традиција, но секоја година со уште поголеми очекувања, со сигурност зацврстувајќи се како симбол за незаборавно концертно доживување и традиционална дестинација за сите фанови на автентичниот дух на летните музички фестивали. Секоја година Д Фестивал е дестинацијата за забава на повеќе од 10.000 посетители кои ги уживаат впечатливите концертни перформанси на музички артисти како Manu Chao La Ventura, Stereo MC’s, Wilkinson, Sonique, Кирил Џајковски, Дубиоза Колектив, Bernays Propaganda, Љубојна, Фолтин, String Forces, Суперхикс, АРЕА, С.А.Р.С., Baildsa, Зијан и многу многу други.