Контакт

Традицијата на пивските фестивали во Скопје продолжува и оваа година со Skopje Beer Fest, кој што е во организација на Град Скопје и Пасворд продукција. Оваа година фестивалот на пивото ќе се одржи од 12 до 15 септември на стадионот на Армијата во Градски парк, а влезот за посетителите ќе биде бесплатен.

Skopje Beer Fest како манифестација со својот квалитет и масовност има за цел да прерасне во туристичка атракција и своевиден бренд на Град Скопје. Промоција на пивото и пивската култура преку разни брендови и голем број на различни пивски стилови, креирање пивски бренд-фестивал на локално и регионално ниво, зајакнување на пивската култура во Македонија, создавање можност за зголемена продажба и промоција на сите пивски брендови присутни во Македонија, како и промоција на Скопје како град на љубителите на пивото. Оваа година посебно место ќе се отстапи и на новата сцена на крафт пива која што е во развој, се очекуваат и неколку гости пивари од соседните држави, но секако заштитен знак се нашите најголеми домашни пивски компании и увозници на пивски брендови. Богатата локална кујна, одличната музичка програма и голем број забавни активности се само мал дел од причината која што ќе ве натера да го посетите оваа година повторно Skopje Beer Fest и уживате во големиот избор на пивски стилови.

Четиридневен настан, исполнет со пиво, музика и вкусни закуски.

Влезот е бесплатен, а забавата загарантирана!

Сè гледаме на Стадионот на АРМ – на здравје!

  

Password Production

Contact e-mail: info@password.mk