Showing the single result

Андре Риу

Светската ѕвезда Андре Риу (André Rieu) е несомнено еден од најпопуларните интернационални музичари на нашето време. Насекаде прославен како современиот „крал на валцерот“ од Мексико до Австралија, Андре Риу свири во своја сопствена лига пред 600,000 публика годишно, надминувајќи ги дури и супер-ѕвездите како Бруно Марс, Еј-Си/Ди-Си или Риана.

Концертите на Андре Риу се огномет од емоции. На речиси 100 концерти годишно, Риу гарантира совршена забава со светски познатите, романтични и мелодии полни со душа како и со бројни изненадувања, хумор и првокласни интернационални солисти. Заедно со неговиот 60-член Јохан Штраус Оркестар, најголемиот приватен оркестар на светот, харизматичниот Холанѓанец речиси 30 години го обиколува светот. Повеќе од 40 милиони продадени ЦД и ДВД изданија, 30 први места во топ-листите и 500 платинести награди се само дел од она што го прави Андре Риу вистински „маестро на публиката“, како што го нарекува „Њујорк Тајмс“. Неговите „ЈуТјуб“ видеа надминуваат далеку над милијарда прегледувања досега, а над 3.8 милиони фанови го следат Кралот на Валцерот на „Фејсбук“.

Во јули 2018-та Андре Риу ги одржа и неговите годишни open air концерти во неговиот роден град Мастрихт во Холандија. За прв пат, на 13-те вечери повеќе од 150.000 фанови од над 80 земји беа дел од спектакуларните концерти во Вријтхоф.

Андре Риу повеќе од 40 години е среќно оженет и живее со неговата сопруга Марџори во романтичен замок од 1452-ра година во неговиот роден град Мастрихт во Холандија. Тие имаат два сина и пет внуци.

Andre Rieu

CD – Andre Rieu

1,000.00mkd