FAQ

  • Што е shop.password.mk?

www.shop.password.mk е онлајн продавница и сервис во која се понудени широк спектар на производи од домашни, регионални и светски артисти/фестивали/уметници, внимателно избрани од нашиот тим за да ги задоволат твоите потреби како купувач. Во нашата продавница сите производи се уредно подредени по категории, брендови и лесни за пребарување. Ние ги испорачуваме сите производи од нашата понуда уредно до твојата адреса.

  • Како функционира купувањето на shop.password.mk

Веќе си во виртуелната продавница на Пасворд Продакшн ДОО и можеш лесно да ги пребараш производите кои ги посакуваш. Кога ќе го најдеш производот кој сакаш да го купиш, ги селектираш карактеристиките кои се дадени да се изберат за производот (количина, димензии, боја, број). Потоа со еден клик го додаваш производот во својата кошничка. Во кошничката можеш да додадеш онолку производи колку што сакаш да купиш. Откако ќе ја наполниш својата кошничка со сите производи кои си ги одбрал можеш да продолжиш кон процесот на наплата и внесувањето на податоците за доставата. Кога ќе се изврши наплатата ние го припремаме производот за испорака и истиот ти го испорачуваме до врата согласно правилата за испорака.

  • Дали е потребно да имам кориснички профил на www.shop.password.mk за да купам?

За да купуваш на www.shop.password.mk не е потребно да имаш кориснички профил. Доволно е само да го внесеш својот e-mail. Сепак, креирањето на профил е бесплатно и може да ти го олесни процесот на нарачка и во понатамошното купување .

  • Имам креирано профил, но ја заборавив лозинката? Што да направам за да добијам нова?

Ако ја заборавиш својата лозинка, потребно е да ги следиш инструкциите кои ти ги задава нашиот систем за да можеш успешно да дојдеш до нова лозинка. Доколку имаш проблем, исконтактирај нè за да ти помогнеме.

  • Дали можам да направам нарачка по телефон?

Не, нарачките се прават само онлајн. Секако, доколку имаш проблем со нарачката, нашата служба за Грижа на корисници ќе направи сè што може за да ти го олесни купувањето. Јави се на нашиот контакт телефон или пиши ни на нашата контакт e-mail адреса.

  • Испратив e-mail на вашата контакт адреса, но сè уште немам добиено одговор?

Работното време на Грижата на корисници на Пасворд Продакшн ДОО е од 10:00 до 17:00 секој ден во текот на работната недела. Се трудиме да одговараме на сите пораки во текот на 24 часа. Се извинуваме ако сè уште немаш добиено одговор, ќе ти одговориме најбрзо што можеме.

  • Како ќе знам дека успешно сум купил/а?

Во моментот кога успешно ќе ја завршиш процедурата за купување на производот на твојата e-mail адреса, која ја имаш оставено при купувањето, ќе пристигне автоматска потврда од нашиот систем дека продажбата е успешно направена. По купувањето ќе бидеш пренасочен/а на екран каде пишува дека трансакцијата е успешна, ако истата била процесирана успешно. По успешната трансакција ќе добиеш SMS на твојот телефонски број од страна на твојата банка доколку банката ја нуди оваа опција.

  • Сакам да купам производ, но ми се појавува порака дека плаќањето е неуспешно ?

Ако ти се појави порака дека плаќањето е неуспешно, односно не може да се реализира трансакцијата, најпрво провери дали успешно и точно си ги пополнил/а сите празни полиња со податоците за плаќањето, дали е сè во ред со твојата картичка, провери ја важноста на картичката и дали имаш доволно средства за да се изврши купувањето. Ако твоите податоци се успешно внесени и сè е во ред со твојата платежна картичка , тогаш најверојатно проблемот е технички. Исконтактирај нè на info[at]password[dot].mk за да можеме да ја провериме трансакцијата и да го решиме проблемот.

  • Со кои картички можам да купувам?

Можеш да купуваш со сите кредитни и дебитни платежни картички од сите банки (Visa, Master Card, Maestro), само доколку твојата банка одобрува плаќање на интернет со твојата платежна картичка. Доколку имате дополнителни прашања контактирај ја својата банка за подетални информации.

  • Кои податоци од картичката треба да ги споделам во процесот на купувањето ?

За да може да се изврши наплата од твојата платежна картичка потребно е да ги оставиш сите податоци кои се бараат во полето за наплата: бројот на картичката без празен простор помеѓу броевите, име и презиме на сопственикот на картичката, датумот до кога важи картичката, CVC/CVV кодот кој се наоѓа на задната страна на картичката.

  • Дали можам да платам со уплатница или во кеш на врата (на местото на достава)?

Не, принципот на плаќање во нашата продавница е само електронски со картичка.

  • Дали моите податоци кои ги споделувам во процесот на плаќање се безбедни ?

Секоја трансакција на www.shop.password.mk со платежна картичка се одвива преку сигурносниот систем на (име на Банка со која соработуваме). Податоците кои ги внесуваш при плаќањето од твојата платежна картичка не се зачувуваат или пренесувваат преку нашите сервери. Трансакциите се процесираат преку платежниот процесинг систем на (Име на банка со која соработуваме). Во моментот кога го извршуваш плаќањето и ги внесуваш податоците, истите се процесираат преку HTTPS безбедносниот протокол на банката со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија и за нас не се видливи.

  • Зошто цените на Пасворд Продакшн се посебни?

На www.shop.password.mk купуваш производи од нашите локални брендови на артисти/музичари/фестивали како и брендови од регионот и светот, внимателно избрани само за тебе од нашиот тим. Цените се одредени во соработка со нашите бизнис партнери. Иако немаме многу контрола во варирањето на цените, сепак можеме да гарантираме дека секогаш ќе ја понудиме најдобрата цена за време на нарачката.

  • На кој начин се одвива доставата на производите?

Кога успешно ќе се изврши трансакцијата во нашиот систем автоматски се проследува твојата нарачка. Нарачката се пакува уредно и се предава на доставувачот кој ја испорачува според податоците наведени за доставување на пратката. Доставата во Скопје ја вршиме со наши сопствени возила, а за останатите градови во Републиката, доставата се врши со карго пошта со која што имаме склучено договор за соработка.

  • Дали сите производи ги доставувате во истиот ден?

Доставата на производите во Скопје се врши во рок од 24-48 часа од моментот на нарачката .

За останатите градови доставате е во рок од 5-7 работни дена .

  • Кога се извршува доставата?

Доставата се извршува секој работен ден од 12:00 до 18:00 часот. Сабота и недела се неработни денови исто како и сите државни и верски празници.

  • Дали можам да купам производ и да биде испорачан на друга адреса за друго лице или за подарок?

Да, можеш да купиш производ за друго лице или за подарок и да ги наведеш податоците и адресата за лицето што ќе ја прими нарачката.

  • Дали можам да испратам персонализирана порака кога сакам да испратам пратка за друго лице?

Да, можеш да оставиш персонализирана порака која ќе биде испишана на картичка.

  • Дали доставата е бесплатна?

Доставата е бесплатна ако нарачката изнесува над 1500,00 МКД. Доставата на производите за во Скопје се врши во рок од 24 – 48часа од моментот на нарачката , а за низ Македонија 3 до 5 дена .

Доставата е бесплатна ако нарачката изнесува над 1500,00 МКД.

За следниве населби : Карпош, Влае, Хром, Г. Петров, Водно, Дебар маало, Центар, Црниче, Аеродром, Лисиче, Злокуќани, Автокоманда, Бутел, Чаир, Кисела Вода и Нерези.

Доколку нарачката е помала од 1500,00 МКД, се наплаќа фиксен надомест за достава во износ од 100,00 МКД.

За останатите градови za доставa се наплаќа фиксен надомест во износ од 150,00 МКД.

  • Купив повеќе производи но сите имаат различно време предвидено за достава? Кога ќе ми бидат испорачани?

Ако купиш повеќе производи кои имаат предвидено различно време за доставување , нашата политика е дека сите производи ќе ти бидат доставени во исто време , односно во времето предвидено за производот кои има најмногу предвидени денови за достава.

  • Купив производ од www.password.mk но сакам да го вратам. Која е процедурата ?

Откако производот ќе ти биде доставен и одлучиш дека сакаш да го вратиш, освен ако производот е направен по нарачка, истиот можеш да го вратиш/замениш во рок од 15 дена. Доколку не сакаш да го замениш, парите ќе ти бидат вратени. Производот мора да не е користен, не е оштетен, спакуван во оргинално пакување со сите придружни компоненти и документација со која производот бил првично испорачан.

Те замолуваме да се погрижиш нарачката да биде вратена во истата состојба како што си ја примил/а. Доколку при враќањето производот не се совпаѓа со нашите правила нарачката нема да биде прифатена назад.

  • Купив производ од www.password.mk но ми беше доставен оштетен? Како да го вратам?

Кога производот ќе ти биде доставен треба да провериш дали е оштетен. Доколку од било која причина производот што си го добил е оштетен, истиот може да ни го вратиш во рок од најмногу 15 дена од неговиот прием, заедно со целата добиена документација за истиот, но при тоа, потребно е производот да биде во неупотребена состојба – онаков како што си го добил/а, сместен во оригиналното пакување со сите придружни компоненти, по што ќе ти го вратиме износот којшто си го платил за производот (без износот за вклучена достава доколку таква имало) или по заеднички договор, ќе го замениме со друг/и производи во иста вредност.